Ужас е слаб опис за теренот на штипскиот стадион! (ВИДЕО)

Во викендот кој следи почнува вториот дел од сезоната и во втората фудбалска лига, а еден од претендентите за место ранг-погоре, Брегалница, домашните натпревари ќе мора да ги игра на терен во ужасна состојба.

Трибината која беше реновирана и за која се потрошија многу пари изгледа одлично, меѓутоа тешко дека штипјани можат да уживаат во добар фудбал кога она поважното, теренот каде што треба да се води битката изгледа ужасно и сигурно е најлошиот во Македонија во овој ранг.

На ваков терен Брегалница ќе треба да се бори за место во Првата лига, а во овој момент се на третата позиција со 33 бода, Шкендија Арачиново има два повеќе, додека лидер е Охрид со 36 освоени бодови.

Во првиот натпревар во вториот дел во рамките од 16. коло штипскиот тим гостува во Гевгелија кај Кожув, додека дома во викендот потоа играат против Вардар Неготино.