Тренерот на Севиља ја доби највисоката суспензија во историјата на Ла Лига

Tренерот на Севиља, Матијас Алмеида денеска ја доби највисоката суспензија во историјата на Ла Лига.

Имено, Алмеида доби црвен картон во натпреварот против Гетафе кој заврши без победник 1-1, а поради таа ситуација сега ќе мора да паузира дури седум натпревари.

Темпераментниот Аргентинец во 85. минута протестираше кај судијата Матијас Хесус кој потоа го исклучи. Причина за големата суспензија која ја заработи Алмеида се протестите, недоличното однесување, навредите и шутирањето на топката.

Севиља по ваквата одлука објави соопштение во кое истакна дека целосно застанува зад својот тренер и најавија дека ќе поднесат жалба. Ако нешто не се промени, Алмеида ќе се врати на клупата дури на 22 април против Леванте.