Кутињо се налутил - повторно останува без клуб!

Бразилецот Фелипе Кутињо е далеку од најдобрите денови, иако имаше свој учинок во дресот на Васко Де Гама во изминатите две години.

Според најавите сега е време за нова разделба. Наводно, фудбалерот веќе разговарал со тренерот, а неговата одлука да го раскине договорот била изненадувачка за сите во клубот.

Исто така се наведува дека клубот припремал нов договор, актуелнот му траеше до јуни ова лето, па затоа и не се очекувала фудбалерот на побара да замине.

Сепак, најверојатно причина за одлуката на Кутињо биле свирежите на стадионот во Рио бидејќи Кутињо не сакал да продолжи да игра во такво опкружување.

Засега не е познато каде Бразилецот би продолжил. Претходно во својата кариера тој настапуваше за: Интер, Васко Де Гама, Еспањол, Ливерпул, Барселона, Баерн, Астон вила и Ал Духаил.