„Победа има легенди од секаде, само нема од Прилеп!“

Навивачката група на Победа од Прилеп, „Мајмуни“ денеска официјално се откажа од можниот спас на нејзиниот омилен клуб, поранешен шампион и освојувач на Купот на Македонија.

Во соопштение на социјалните мрежи, „Мајмуни“ побараа да се најдат виновниците за колапсот на клубот, но и посочија дека Победа има легенди насекаде, освен во матичниот град.

„ И покрај сите наши напори за да не згасни нашата икона,не беше успешен нашиот напор..и покрај обезбеден тим кој можи да се носи најмалце до бараж тоа не го дозволи некој "голем главец" ... 

Ние како група застанавме позади секоја организација но под услов ниту еден од претходна управа да не биди присутен се до крајот на сезоната .. изненадувачки  тоа го прифатија иако е тоа само шанса да се тргнат од сите ,тупурдииʼ кои ги направиле.

Ние како група знаеме кој и колку е крив за лошото на овој клуб,но знаеме и кој колку ветуваше од 2014 па се до денес но сите си ја префрлуваа топката.Единствен начин да истите тие кои ветуваа спас на Победа да го променат мислењето кај Прилепчани е следно.....

МОРА ОДГОВОРНОСТ ... ЈАВНО КОЈ КОЛКУ и КАДЕ НАШТЕТИЛ.
ПОБЕДА ОД ДЕНЕС ИМА ЛЕГЕНДИ ОД СИТЕ КРАЕВИ САМО НЕ ПРИЛЕПЧАНИ ОД ПРИЛЕП.
До следно видување.. Мајмуни и Прилеп не забораваат.
п.с од несигурни извори дознаваме дека и Општина Прилеп ги побарале назад во нивната зграда клучевите од градскиот стадион .. секоја чест“, напишаа „Мајмуни“.

Оваа сезона Победа се натпреваруваше во Втората лига, но минатата недела објави дека се повлекува од натпреварувањето.