Лапорта: Има судии кои сакаат да ѝ наштетат на Барселона!
Лапорта обвини дека во Шпанија постојат судии кои сакаат да ѝ наштетат на Барселона, иако реши да не ги именува јавно.
„Има судии кои секогаш сакаат да ѝ наштетат на Барселона. Тоа не е ништо ново во Шпанија. Сепак, ова ќе биде лига против сите и секого затоа што има луѓе кои не сакаат да победиме. Постојат големи луѓе кои не сакаат да бидеме на врвот“, обвини Лапорта.
Барселона во моментов е на втората позиција во Ла Лига со 58 бодови, додека лидер е Реал Мадрид со два поени повеќе.
Фото: Facebook/FC Barcelona