Манасков: Со малце среќа пред нашата публика можеме да ја победиме Висла!

Ракометарите на Пелистер ги чека натпреварот од од Лигата на шампионите против Висла Плоцк, а пред овј дуел зборуваше и ракометарот Дејан Манасков.

Пелистер во овој натпревар влегува со желба за трета победа сезонава во најелитното ракометно натпреварување.

„Се враќа Лигата на шампионите по подолго време и пред нас е еден тежок натпревар кој доаѓа во специфичен момент, но ќе се обидеме да сме максимално подготвени. Работиме на подобрување на деталите кои можат да бидат клучни и се надеваме дека со малце среќа ќе дојдеме и до победа пред нашите навивачи. Висла игра агрсивна одбрана со високо излезени халлвови и затоа мораме да имаме брз проток на топка и солид напад без топка. Ако дозволиме да прават многу прекини ќе биде тешко за нас. Мормае да имаме одлична дефанзива“, изјави Манасков.

Пелистер во натпреварот влегува од седмата позиција со четири бода, додека Висла е трета со 12 освоени бода. Натпреварот се игра в четврток во терминот од 20:45 часот.