Алушовски: Висла е силна екипа, само со дисциплина можеме до добар резултат
Алушовски пред натпреварот ја повика публиката да изрази поодршка на тимот и верува дека со една дисциплина и заедништво можат да ги израдуваат навивачите.
„Чест и задоволство ми е што повторно сум тренер на Пелистер. Кога Пелистер ве вика да бидете тренер, тука нема размислување и го прифаќате предизвикот.
Натпреварот против Висла ќе биде исклучтено тежок, тоа е екипа која сезонава игра одлично во Лигата на шампионите, затоа се трети во групата. Играат цврст ракомет со добра одбрана, имаат дисциплина во нападот, навистина добра екипа. Моите очекувања се дека преку една дисциплина и сплотеност ќе успееме да дојдеме до позитивен резултат. Знаеме кои се нивни добри и лоши страни, секако се надевам и на една фантастична атмосфера од нашите резултати.
Во подготвителниот период имавме кадровски проблеми, пред се тука се репрезентативците кои подоцна се вратија, исто така тука беа и повредите. Но, имавме и доволно време да се подготвиме, бидејќи оваа тренирала шест месеци заедно, додадовме некои детали кои треба да бидат важни пред се за натпреварот со Висла. Низ една позитивна атмосфера сакаме да се прикааме во едно добро издание прво против Висла, а потоа и во домашното првенство.
Сакам да испратам порака до навивачите да дојдат на трибините, додека ракометарите ќе возвратат со една голема борба.
Натпреварот се игра во терминот од 20:45 часот.