Битка за осминафинале: Реал сака одмазда против Мурињо, Јувентус на испит во Истанбул

Вечерва во Лигата на шампионите почнува борбата за место во осминафиналето во Лигата на шампионите, а најголемо внимание привлекува натпреварот во Лисабон каде што се среќаваат Бенфика и Реал Мадрид.

Реал Мадрид токму поради Мурињо и Бенфика се најде во плеј-офот и не обезбеди директно место во осминафиналето. Португалскиот тим во последното коло од лигашката фаза славеше со 4-2 и токму поради гол разликата со тој погодо на голманот Трубин во последните секунди стигнаа до оваа фаза.

Со тоа и Реал доби прилика за експресно да се одмазди на португалскиот состав и својот поранешен тренер.

Натпреварот се игра во терминот од 21:00 часот, додека реваншот е закажан за седум дена во Португалија. Во истиот термин ќе гледаме уште два дуели Борусија Дортмунд против Аталанта и француската пресметка меѓу Монако и ПСЖ.

Претходно во терминот од 18:00 часот протограмата ќе биде отворена со натпреварот во Истанбул каде што ќе се соочат Галатасарај и Јувентус.

Инаку, во Лисабон денеска играат и ракометарите на Вардар исто така против Бенфика и таа средба поради фудбалскиот спектакл е поместена за од 18:45 часот.