Левандовски бил шокиран - не можел да поверува колку години има неговиот соиграч!

Младиот дефанзивец на Барселона, Пау Кубарси во својот последен разговор со шпанските медиуми откри дека неговиот соиграч Роберт Левандовски не му верувал дека има 17 години.

Преселбата на Кубарси од младинската школа „Ла Масија“ во првиот тим беше толку брза што дури и самиот Левандовски бил изненаден.

Кубарси официјално дебитираше во јануари 2024 година, во натпревар од шпанскиот куп на, само неколку дена пред својот 17. роденден.

Само три дена подоцна го запиша и првиот настап како стартер во Ла Лига против Реал Бетис и одигра сосема зрело и многу искусно за своите години, па следувал интересен разговор во соблекувалната.

„Ден по мојот прв меч во почетниот состав, Чави пред сите ми го честиташе роденденот. Тогаш ми пријде Левандовски и ме праша: ‘Навистина имаш 17 години?’. Не можеше да поверува. Веројатно сè уште имав детско лице“, раскажа Кубарси во интервју за „Л’Екип“.