Вон е голема шампионка, на заминувањето ги израдувала сите во болницата
Четириесет и едногодишната шампионка претходно преку социјалните мрежи најави дека ѝ претстои последниот оперативен зафат, нагласувајќи дека пред неа е уште една битка за целосно закрепнување.
Вон вчера наутро во 9:30 часот беше отпуштена од болницата од каде со брза помош беше пренесена до аеродромот, а отоа, со приватен лет се врати во САД. При заминувањето, Вон направи убав гест кон домаќините во болницата. плишаните играчки што ги добила за време на престојот ги подарила на Педијатриското одделение, а цвеќето го оставила во собата каде била сместена.
Да потсетиме, минатата недела на трката во спуст четириесет и едногодишната Вон падна 13 секунди по стартот и со хеликоптер беше евакуирана од патеката.
Американската скијачка потоа соопшти дека добила „комплексна фрактура на потколеницата која е моментално стабилна, но ќе бара повеќе операции за правилно заздравување“, по што помина низ вкупно четири операции.