Дисциплина каква што нема на друго место: Во Баерн е испланирана секоја секунда! (ФОТО)
Имено, фудбалерите на Баерн веднаш по мечот побрзале на аеродром за враќање кон Минхен, а медиумите потоа влегле во соблекувалната каде што избраниците на Минхен оставиле можност да се видат некои работи кои досега не беа познати.
На таблата бил оставен протокол за денот на натпреварот кој како што може да се види бил испланиран точно до секунда.
Така, проверката на опремата во Бремен била закажана точно во 15:23 часот, а излегувањето на теренот почнало во 15:26 и 30 секунди.
Очигледно Компани посветува големо внимание и сака дисциплина во тимот.
