Урнебес во Серија А: Рубен Аморим „заигра“ фудбал за Џенова (ФОТО)

Навивачите кои вчера го следеа натпреварот помеѓу Кремонезе и Џенова беа изненадени кога на екранот со фудбалери се појави и ликот на португалскиот стратег Рубен Аморим.

Аморим доби отказ во Манчестер јунајтед, а сега изненадувачки неговиот лик се појави за време на овој дуел.

Имено, при изменатата во 89. минута кога во игра за Џенова требаше да влезе фудбалерот Алекс Аморим на екранот со графикот се појави 41-годишниот стратег кој неодамна доби отказ во Манчестер јунајтед.

Очигледно поради идентичното презиме луѓето задолжени за техничкиот дел направил некој пропуст.