Ѓоковиќ го задржа третото место на АТП, Алкараз не го дава врвот
Иако на самиот врв немаше промени, сепак во топ-10 следеше напредок на Алекс Де Минор, кој од осмата скокна на шестата позиција, додека за една позиција паднаа Феликс Оже-Алиасим и Тејлор Фриц.
Во топ-10 се наоѓаат Алкараз, Синер, Ѓоковиќ, Зверев, Музети, Де Минор, Оже-Алиасим, Фриц, Шелтон и Бублик.