Познат главниот кандидат за наследник на Гвардиола во Манчестер сити

Иднината на тренерот Пеп Гвардиола на кормилото на Манчестер сити сè уште е непозната, иако се очекува стратегот да остане до крајот на сезоната, но не е сигурно дека ќе ги тренира „граѓаните“ и во следната година.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „граѓаните“ веќе имаат избрано наследник за Гвардиола, а тоа е поранешниот тренер на Челси, Енцо Мареска.

Мареска неодамна доби отказ по лошите резултати со „сините“, по што реши да земе пауза од фудбалските терени.

Фото: Facebook/Manchester City