Нотингем Форест доби нов тренер: Переира ќе го спасува од испаѓање од елитата
Переира претходно го предводеше Вулверхемптон, па доби отказ во ноември поради очајните резултати, односно имаше два освоени бодови на 10 натпревари, па сега доби уште потежок предизвик да го спаси Нотингем од испаѓање од елитата.
Португалецот потпиша договор на година ипол, односно се очекува да остане на кормилото на „шумарите“ и во текот на следната сезона доколку ги задоволи барањата на управата.
Англиските медиуми се сомневаат во изборот на газдата Маринакис, кој го избра Переира откако тој претходно не се прослави во Премиер лигата.
Фото: Nottinham Forest