Уапсен поранешен бисер на Ливерпул во Лутон по враќањето од Бугарија!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и младата англиска репрезентација, Џордан Ајб бил уапсен по враќањето во Лутон од Бугарија, каде што игра за Локомотив од Софија.

Ајб бил приведен поради сомнение дека извршил напад на 14 декември 2025 година, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Портпаролот на полицијата потврди дека Ајб бил уапсен по пристигнување на аеродромот, по што бил задржан во притвор додека не била платена кауција, а судење го чека на 6 март.

Англичанецот во кариерата играше за Ливерпул, Бирмингем, Дерби, Борнмут, Аданаспор и други екипи пред да потпише за бугарски Локомотив на 15 ноември 2025 година.

Фото: Facebook/Lokomotiv Sofia 1929