Петков ја заврши првата велеслаломска трка на 57. место
Нашиот олимпиец извозе со време 1:27.36 минута, што беше за 13.44 секунди побавно од најдобриот по првата трка, Лукас Пињеиро од Бразил. Во сите четири сегменти од патеката, Петков имаше заостанување од нешто повеќе од три секунди, но очигледно беше дека се обидува да не направи грешка и мирно да ја заврши трката.
Зад Петков останаа 15 скијачи кои имаа побавно време, а уште осуммина не успеаја да ја завршат трката. Идентично време со него имаше филипинскиот натпреварувач Франсис Чекарели.
Втората трка во велеслалом почнува во 13:30 часот, а на неа ќе учествуваат 73 од вкупно 81 скијач колку што возеа во првата.