Чкембари дивееле и на враќање кон Битола, ги испровоцирало - девојче! (ФОТО)
Имено, навивачите на Пелистер кои имаа инцидент и во Куманово при влезот во салата се впуштиле и во уште еден при враќањето за Битола.
Во локал на излезот од Скопје кон Велес Чкембари испровоцирани од девојче во локалот нападнале и уште неколку лица кои во тој момент се наоѓале на тоа место.
Инцидентот започнал кога битолските навивачите кај девојчето забележале обележје на Вардар кое се обиделе истото да го одземат и во тие моменти ги нападнале и останатите присутни лица кои се здобиле со телесни повреди.
Исто така било оштетено и возилото на девојчето и направено неред во локалот, а свои пораки навивачите испишале и на ознаките во близина.
