Пелистер го напушти теренот - последното четврт-финале во прекин!

Само нешто повеќе од четири минути траеше натпреварот меѓу МКК Куманово и Пелистер, последен од четвртфиналето на Купот на Македонија.

Иако немаше назнаки за можен инцидент, дојде до прекин откако битолскиот тим се повлече во соблекувална, во знак на револт за односот кон навивачите на Пелистер. „Чкембари“ при влезот во салата во Куманово се закачија со обезбедувањето, па дојде до голема белја.

Членовите на обезбедувањето добија наредба да ги исфрлат од салата навивачите на Пелистер, тоа не им се допадна на членовите на битолскиот клуб кои веднаш потоа го повлекоа својот тим и мечот се уште е во прекин.