Седлоски: Не сме аутсајдери, ќе се носиме со секоја селекција!
Македонија денеска ги дозна противниците, ќе играме против Шкотска, Швајцарија и Словенија во сегментот Б од Лигата на нации.
Гоце Седлоски е оптимист и вели дека Македонија има состав кој може да биде конкурентен на секој натпревар без разлика дали играме дома или на гости.
„Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува“, вели Седлоски.
„Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б“.
„Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот“.
„Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот“.