Ждрепка за Лигата на нации: Македонија ја очекува најголемиот предизвик досега

Денеска во 18 часот во Брисел ќе се одржи ждрепката за претстојното, петто издание на Лигата на нации на УЕФА.

Првпат откако таа постои, македонската репрезентација ќе се натпреварува во Б-лигата и ќе го има најголемиот предизвик досега бидејќи во конкуренција ќе има многу посилни ривали отколку во претходните циклуси. Во оваа лига претежно се селекции од вториот европски ешалон, но има такви кои често учествуаат на големите натпреварувања и во минатото ни биле непремостлива пречка.

Ждрепката за Б-лигата, Македонија ќе ја дочека од четвртиот барабан во кој ќе бидат уште Шведска, Северна Ирска и Косово. На хартија, најлесна група би била со Израел, Украина и Словенија или Романија, но во ова друштво се и репрезентации како Шкотска, Полска, Швајцарија, Грузија, Ирска... Македонија во минатиот циклус беше најдобра во Ц-лигата, освои 16 од можните 18 бодови и не само што обезбеди пласман во повисок ранг, туку и бараж за Светското првенство. Лигата на нации е омилено натпреварување на македонската репрезентација бидејќи преку неа во 2021 година се пласираше на Европското првенство, единствено досега за нашиот национален тим.

Новото издание на Лигата на нации ќе почне на 24 сетепмври и ќе се игра до 17 ноември кога се последните натпревари. Во септември, октомври и ноември ќе се играат по две кола. Четврфиналето и плејофот се на програмата од 25 до 30 март 2027 година, завршниот турнир во А-лигата е од 9 до 13 јуни 2027, а баражот за Европското првенство од 23 до 28 март 2028 година.

РЕДОСЛЕД НА БАРАБАНИТЕ ПО ЛИГИ
А-ЛИГА
1: Португалија, Шпанија, Франција, Германија
2: Италија, Холандија, Данска, Хрватска
3: Србија, Белгија, Англија, Норвешка
4: Велс, Чешка, Грција, Турција

Б-ЛИГА
1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
2: Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија, Украина
3: Словенија, Грузија, Република Ирска, Романија
4: Шведска, МАКЕДОНИЈА, Северна Ирска, Косово

Ц-ЛИГА
1: Исланд, Албанија, Црна Гора, Казахстан
2: Финска, Словачка, Бугарија, Ерменија
3: Белорусија, Фарски Острови, Кипар, Естонија
4: Летонија или Гибралтар, Луксембург или Малта, Молдавија, Сан Марино

Д-ЛИГА
1: Азербејџан, Литванија, Гибралтар или Латвија, Малта или Луксембург
2: Лихтенштајн, Андора