Дурент удри по „нашите“: Дончиќ и Јокиќ се несериозни - само лежат и шутираат од пола терен!
Тој мечот го заврши со 21 поен, осум скока и шест асистенции, а на прес-конференцијата беше запрашан дали на претстојниот олстар-викенд ќе игра натпреварувачки и дали тоа го очекува и од другите искусни играчи. Неговиот одговор беше директен и провокативен.
„Тоа треба да ги прашате Европејците и членовите на Тимот на светот, дали тие сакаат да се натпреваруваат. Погледнете ги Лука Дончиќ и Никола Јокиќ и како се однесуваат на НБА Ол-старот. Дали е тоа нормално?“, изјави Дурант.
Ѕвездата на НБА продолжи во уште поостар тон, посочувајќи дека критиките секогаш одат на сметка на американските ветерани.
„Никогаш не се прашуваме што прават тие, туку постојано се зборува за ‘старите глави’, за Американците. А ги имаме тие двајца – Јокиќ и Дончиќ – кои изгледа како кошарката воопшто да не ги интересира. Лежат на подот, шутираат од половина терен, а потоа сите се грижат дали поискусните играчи ќе одиграат сериозно и борбено. Јас читам меѓу редови, но мораше ова да го кажам“, порача Дурант.
НБА Ол-стар викендот ќе се одржи овој викенд во Лос Анџелес, а изјавата на Дурант сигурно дополнително ќе ја вжешти атмосферата пред спектаклот.
ФОТО: EPA PHOTO