Тројно славје за Јокиќ: Победа, трипл дабл и - влез во „топ-100“ (ВИДЕО)

Денвер Нагетс го победи Мемфис со 122-116, а во центарот на вниманието повторно беше Никола Јокиќ.

Српскиот центар го забележа својот 184. трипл дабл во кариерата со 26 поени, 15 скока и 11 асистенции, уште еднаш потврдувајќи го својот статус како еден од најдобрите играчи во лигата. Но, покрај победата и новиот трипл дабл, Јокиќ имаше уште една причина за задоволство. Од ноќеска, тој е дел од најдобрите 100 стрелци во историјата на НБА лигата, во моментов точно на 100. места за што му требаа само 784 натпревари. Со оглед на тоа што 99-пласираниот Кевин Мекхејл му бега само шест поени, а и Стгив Неш не е далеку, може да се очекува до крајот на сезоната Јокиќ дополнително да напредува на оваа листа.

Единствената работа во која поитврди на ноќешниот натпревар беа загубените топки бидејќи ги имаше дури девет. Со нив делумно го засени својот трипл дабл бидејќи малку недостасуваше Денвер да доживее пораз од еден од најслабите тимови во лигата.

Мареј додаде 22 поена, а во последните моменти беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања - ги погоди сите четири обиди во последните 12 секунди од натпреварот, со што го обезбеди триумфот на домашниот тим. Тим Хардавеј Џуниор исто така даде голем придонес со 21 поен за Нагетс, кои влегуваат во паузата за Ол стар со биланс 35/20 и покрај сезоната полна со проблеми со повреди.

Мемфис, кој претрпе 10 порази во последните 12 натпревари, успеа да надомести негатива од 15 поени во четвртата четвртина, главно во периодот кога Јокиќ беше на клупата, но немаше сила да направи целосен пресврт. Иако беа блиску, гостите никогаш не успеаја да поведат во последниот квартал.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Атланта 110-107
Кливленд - Вашингтон 138-113
Орландо - Милвоки 108-116
Бостон - Чикаго 124-105
Бруклин - Индијана 110-105
Филаделфија - Њујорк 89-138
Торонто - Детроит 95-113
Хјустон - ЛА Клиперс 102-105
Минесота - Портланд 133-109
Њу Орлеанс - Мајами 111-123
Денвер - Мемфис 122-116
Феникс - Оклахома 109-136
Јута - Сакраменто 121-93
Голден Стејт - Сан Антонио 113-126