Малери ја зафатија шпанската репрезентација пред Светското првенство

Серијата повреди што ја мачат шпанската репрезентација последните недели, само четири месеци пред Светското првенство, однесе уште една жртва: Марк Кукуреља. 

Левиот бек на Челси им се придружи на играчи како Педри, Микел Мерино и Саму Омородион на списокот на повредени фудбалери за кои е во опасност доведен настапот на Мундијалот. Ситуацијата со 27-годишниот играч дојде како изненадување бидејќи дефанзивецот не изгледаше дека има никакви физички проблеми. Сепак, тој не се врати за второто полувреме од натпреварот против Лидс и беше заменет од Јорел Хато. Неговото отсуство беше забележливо бидејќи без него во тимот, Челси испушти предност од два гола, а двата Лидс ги постига од зоната што Шпанецот требаше да ја покрие.

„Прерано е да се каже колку е сериозна повредата за Марк. Правиме прегледи и проценки. Се надеваме дека неговото отсуство нема да биде предолго“, рече менаџерот Росениор, кој исто така додаде дека Кукуреља нема да настапи на претстојниот натпревар од ФА Купот против Хал Сити.

Ова е првпат Марк Кукуреља да паузира откако беше опериран на глуждот во декември 2023 година. Со над 2.600 минути играње акумулирани оваа сезона, телото на играчот конечно попушти.

Што се однесува до повредените шпански фудбалери, Омородион е отпишан за Мундијал, а оваа сезона блескаше во тимот на Порто, додека Мерино, кој се покажа клучен на неколку натпревари во квалификациите, ќе биде во тесна борба со времето. Педри треба да се врати пред крајот на февруари, но и тој е исфорсиран, со оглед на тоа што е главна алка во тимот на Барселона.