Барса десеткувана во Мадрид - против Атлетико без уште двајца клучни играчи
Покрај Педри и Гави, надвор од стројот се и Рафиња и Маркус Рашфорд кои нема да се појават на теренот на Метрополитано. Двајцата не тренираа претходните денови, Рашфорд почувствувал болки во коленото, додека Рафиња веќе две недели не е во екипата и неизвесно е кога ќе се врати. Бразилецот оваа сезона пропушти премногу натпревари, а речиси секогаш кога игра, Барса победува.
Интересно е тоа што Рашфорд и Рафиња играат на левата крилна позиција, па Флик ќе мора да експериментира, најверојатно со Фермин Лопез како крило.