Миленикот на Гвардиола фаворит за нов тренер на Тотнем
Како главен фаворит, но и желба на навивачите се споменува Роберто Де Зерби кој остана без ангажман по крајот на соработката со Марсеј.
Де Зерби во минатото одлично го водеше Брајтон, беше и на мета на Манчестер јунајтед, но сепак до договор тогаш не дојде. Станува збор за тренер кој темпераментен, но се смета и за еден од најдобрите во светот.
Во Франција не можеше да се носи со моќта на ПСЖ, па затоа остана без преголем успех, сепак не треба да се заборви и дека за него често пати со голем респект зборуваше еден Пеп Гвардиола.
Сепак кој и да дојде го чека тешка задача затоа што Тотнем во овој момент се наоѓа на дури 16-тата позиција со само 29 бода, пет повеќе од Вест хем кој е прв во опасната зона.