Голманот на Шкендија со „бомба“ директно го погоди – камерманот на трибини (ВИДЕО)

На вчерашното дерби меѓу Шкендија и Струга (2-0), покрај фудбалските возбудувања, беше забележан и несекојдневен момент кој експресно се прошири на социјалните мрежи.

Голманот на тетовскиот состав, Бабукар Гаје, при едно силно избивање на топката, со неверојатна прецизност и силен удар директно го погоди камерманот сместен на трибините. Станува збор за колега од порталот „Спорти Сот“, кој се најде на „погрешно место во погрешно време“.

Инцидентот, за среќа“ помина без никакви последици, а камерманот веднаш продолжи со својата работа со оглед што и неговата опрема не настрада посериозно. Видеото од овој интересен момент експресно стана вирално.