Историски дебакл на Лејкерс: Ваков срам не им се случил никогаш досега!

Поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Сан Антонио спарс (108-136) нема да се памети по добро за тимот на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс бидејќи доживеаја историски дебакл во првото полувреме.

Лејкерс во првото полувреме примија неверојатни 84 поени и тоа официјално е најлошата статистика во нивната клупска историја, а за да биде полошо статистичарите објавија дека ова им се случило за првпат по 6.138 натпревари.

Претходниот негативен рекорд на Лејкерс бил 82 поени примени за едно полувреме.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers