Руни жестоко го нападна навивачот кој не се шиша поради Манчестер јунајтед
Легендата на тимот од „Олд Трафорд“, Вејн Руни се изнервира поради целата ситуација и жестоко го нападна момчето кое не се шиша поради Јунајтед.
„Ако мене ме прашаа да му ја средам фризурата на овој тип, ќе го пратев на другиот крај од државата, ми оди на нерви. Зборуваме за Керик и Манчестер јунајтед, кои бркаат петта победа по ред, а целата приказна се врти околу тоа дали овој си ја скратил косата. Се обложувам дека ќе беше разочаран ако Јунајтед стигнеше до петтата победа, затоа што во тој момент одеднаш ќе стане неважен“, кажа Руни.