Шпанците шокирани: Изгледот на Арбелоа драстично се променил за еден месец (ФОТО)

Пред помалку од еден месец, Алваро Арбелоа ја презема клупата на Реал Мадрид откако го наследи Чаби Алонсо на 13-ти јануари.

Неговиот почеток не беше најдобар бидејќи уште во натпреварот во дебитираше „кралевите“ доживеја шокантен пораз во Купот на Шпанија од Албасете. Во продолжение тимот со него на клупата запиша пет победи, но и пораз од Бенфика во Лигата на шампионите со кој „кралевите“ завршија надвор од топ осум и сега против истиот противник мора да играат плеј-оф.

Колку изминатиот месец беше стресен за Арбелоа зборува и споредбата на неговиот изглед во овој период.

Шпанскиот „Ел Чирингуито“ пишува дека Арбелоа значително ослабел и дека тоа може да се забележи и на неговото лице. Сепак, можеби за Арбелоа и допрва следува поголем стрес бидејќи Реал го очекуваат важни битки во Ла Лига и Лигата на шампионите.