Таткото на Вон јасен: Додека јас се прашувам - таа нема да скија!

Таткото на Линдзи Вон, Алан Килдоу порача дека славната американска скијачка повеќе нема да се врати на натпреварувањата и дека нејзината кариера е завршена по тешкиот пад во Кортина.

Легендарната скијачка имаше емотивно обраќање, но иако таа самата засега не потврдила дека дефинитивно се повлекува, според зборовите на нејзиниот татко веќе нема да ја гледаме на патеките.

„Таа има 41 година и ова е крај на нејзината кариера. Повеќе сигурно нема да скија, барем додека јас се прашувам“, додаде тој.

Вон во неделата доживеа пад за време на спустот во Кортина, по што со хеликоптер беше префрлена во болница во Тревизо, каде што сè уште се наоѓа на лекување. Со неа се членовите на нејзиното семејство, братот и двете сестри кои се покрај неа уште од моментот на несреќата.

„Таа е исклучително силна личност. Ја познава физичката болка и ги разбира околностите во кои се наоѓа. И знае како да се справи со тоа, подобро отколку што очекував. Секогаш има некого покрај себе или дури и повеќе луѓе, во секој момент. Ќе бидеме тука сè додека и таа е тука“, изјави Килдоу.