Вон емотивно се огласи и објасни како паднала - повредата немала никаква врска!

Линдзи Вон за првпат првпат јавно се огласи по тешкиот пад што го доживеа на Зимските олимписки игри порачувајќи дека нема за што да жали, но откри и дека ја чекаат неколку операции.

Вон спустот во Кортина го заврши само по 13 секунди на патеката, меѓутоа потенцираше дека падот не е поврзан со нејзината претходна повреда на коленото.

„Вчера мојот олимписки сон не заврши онака како што сонував дека ќе заврши. Тоа не беше крај како во приказна или бајка – тоа беше едноставно животот. Се осмелив да сонувам и напорно работев за да го остварам тоа. Затоа што во алпското скијање, во спустот, разликата меѓу стратешка линија и катастрофална повреда може да биде само околу пет инчи. Бев едноставно пет инчи премногу блиску до линијата, кога со десната рака закачив за вратата, што ме сврте и резултираше со пад. Моите предни вкрстени лигаменти и претходната повреда немаа апсолутно никаква врска со падот.

За жал, се здобив со сложена скршеница која во моментов е стабилна, но ќе бидат потребни повеќе операции за правилно да заздрави.

Иако вчера не заврши онака како што се надева и покрај интензивната физичка болка што ја предизвика, немам за што да жала,. Да се стои на стартната точка вчера беше неверојатно чувство кое никогаш нема да го заборавам. Самото тоа дека стоев таму со можност да победам беше победа сама по себе. Исто така знаев дека натпреварувањето носи ризик. Ова секогаш било и секогаш ќе биде исклучително опасен спорт.

И слично како во скијањето и во животот преземаме ризици. Сонуваме. Сакаме. Скокаме. И понекогаш паѓаме. Понекогаш срцата ни се скршени. Понекогаш не ги остваруваме соништата за кои знаеме дека можевме. Но, токму во тоа е и убавината на животот – можеме да се обидеме.

Се обидов. Сонував. Скокнав.

Се надевам дека ако извлечете нешто од моето патување, тоа ќе биде храброста да се осмелите на големи чекори. Животот е прекраток за да не си дадете шанса. Затоа што единствениот вистински неуспех во животот е да не се обидете.

Верувам во вас, исто како што и вие верувавте во мене“, стоти во емотивното соопштение на легендарната скијачка.

Со оглед на тоа дека има 41 година и претходно веќе еднаш се повлече, оваа повреда многу веројатно значи и дефинтивно крај на една од најголемите кариери во скијањето.