Барал плати предвреме и процент од продажба на играчи - сега доби отказ!
Ваквиот потег беше најавен уште во саботата по поразот од Ленс, а сега два дена подоцна и официјално неговиот отказ беше потврден.
Четирите порази по ред, меѓу кои и оној од Марсеј, доведоа до конфликти во соблекувалната помеѓу Беје и репрезентативниот голман Брис Самба, како и со Муса Ал Тамари. Поради тоа, Самба беше изоставен од списокот за дуелот со Ленс, нешто слично на она што се случи со Лудовик Блас и Секо Фофана во октомври.
Тогаш изгледаше дека Беје, кој ги исклучи од тимот, ќе добие отказ, но по добри резултати остана со поддршка од газдата Франсоа Пино.
Сепак, сега ситуацијата се промени, а во француските медиуми се појавија информации дека тој за заминување и раскинување на договорот барал проценти од продажбата на играчите Жереми Жаке и Кадер Меита, како и исплата на плати за следните две години, и слично.
Првото име што се споменува како негов наследник е Франк Ез, кој претходно работеше во Ница и Ленс.