Гвардиола за конфузната ситуација против Ливерпул: Каде е здравиот разум?

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола смета дека судијата требало да го признае голот на неговиот тим, наместо да му покаже црвен картон на Доминик Собослаи во самата завршница од вчерашниот натпревар против Ливерпул.

Сити славеше победа од 2-1 на „Енфилд“ во рамки на 25. коло од англиската Премиер лига. Ливерпул поведе со фантастичен гол на Собослаи од слободен удар во 74. минута, но пресвртот за „граѓаните“ го донесоа Бернардо Силва во 84. и Ерлинг Халанд во третата минута од судиското продолжение.

Во последните моменти од средбата Рајан Черки постигна трет гол за Манчестер сити, но погодокот беше поништен поради фаул на Собослаи над Халанд, по што унгарскиот фудбалер заработи црвен картон.

„Зборуваме за здрав разум, нели? Колку пати во текот на еден натпревар има влечења кога судиите пуштаат предност? Само признајте го голот, продолжете понатаму и дозволете му на Собослаи да игра“, изјави Гвардиола.

Прославениот стратег се зборуваше и на шансите на Манчестер сити во продолжението од сезоната во Премиер лигата. „Граѓаните“ моментно заостануваат шест бода зад лидерот Арсенал.

„Најважно е што сè уште сме во игра. Остануваат уште 13 кола, тука се и ФА Купот и натпреварите во Лигата на шампионите. Ќе видиме кој најдобро ќе го издржи овој тежок период. Нема да биде лесно, ниту за нас, ниту за Арсенал“, порача Гвардиола.