„Генијалци“: Не требаше примат четири гола за да останат во лига, па - не се појавија на натпреварот!
Фудбалската лига на Малдиви дефинитивно не е натпреварување кое поради квалитетот на фудбалот може да се дојде внимание од светските медиуми, но затоа токму таму беше забележан скандал од прва категорија во последното коло од шампионатот.
Екипата на Грин Стритс водеше жестока борба за опстанок сè до последното коло. Бидејќи натпреварите не се играа во ист термин, тие однапред знаеја што им е потребно за да не испаднат. За да останат во лигата, не смееја да загубат со четири гола разлика, па така во клубот некој очигледно дошол до „генијална“ идеја – подобро воопшто да не се појават на теренот, отколку да ризикуваат евентуален пораз со четири гола разлика.
Така, екипата на Грин Стритс воопшто не се појави на последниот натпревар, а средбата беше регистрирана со службен резултат 3:0. Тоа беше доволно за нивни опстанок, бидејќи останаа со само гол подобра разлика од екипата на Клуб Валенсија која така се пресели во понизок ранг според сегашната ситуација на табелата.
Но, сепак не е исклучена можноста да има реакција од Фудбалскиот сојуз и Грин Стритс со дополнителна казна да биде исфрлен.
