Се фати за глава: Ѓоковиќ во шок поради „забранетото салто“ на мраз на ЗОИ (ВИДЕО)

Илија Малинин уште еднаш го оправда прекарот „Господ на лизгалки“, откако синоќа им донесе злато на САД во тимската конкуренција во уметничко лизгање, но тоа што го направи неговиот настап посебен беше реакцијата на – Новак Ѓоковиќ!

Најдобриот тенисер на сите времиња, во друштво на сопругата Јелена, одлучи во живо да го следи натпреварот, а остана целосно шокиран кога Малинин изведе салто наназад – потег што со децении беше забранет во овој спорт.

„Го видов Ѓоковиќ во публиката и тоа беше целосно нереално. Ми рекоа дека по салтото стоел со рацете на глава, без зборови. Помислив: ‘О, Боже… ова е неверојатно’“, откри Малинин.

Американецот нагласи дека отсекогаш му била целта да ја воодушеви публиката, а медалите да дојдат како бонус. Очигледно – успеа, бидејќи Ѓоковиќ и Јелена скокна на нозе, а Новак подолго време не можеше да поверува што видел. Интересно, т.н. бекфлип беше забранет уште од 1977 година, а последен пат без казна беше изведен далечната 1976 на ЗОИ во Инсбрук. Потегот повторно е дозволен од 2024 година, но не носи бодови – само чист спектакл.

„Публиката буквално полуде. Врескаа, беа надвор од контрола. Тоа чувство на олимписка сцена е нешто што не се опишува“, додаде Малинин.

Иако во поединечна конкуренција заврши втор, за Илија Малинин се зборува многу повеќе од победникот Јума Кагијама – зашто го шокираше Ѓоковиќ.