Во Болоња повеќе црвени картони од голови! (ВИДЕО)

Парма со гол во судиското продолжение ги освои трите бода од гостувањето кај Болоња победувајќи со 1-0, на мечот имаше и два црвени картони.

Болоња уште во 18. минута остана со фудбалер помалку откако Побега заработи црвен картон поради остар прекршок.

Парма долго играше со фудбалер повеќе, но не успеа да даде гол. Во 79. минута Троило заработи втор жолт картон, автоматски црвен, по што силите беа израмнети.

Дури откако на теренот екипите повторно беа еднакви, Парма успеа да даде гол, тоа се случи во 95. минута кога Ордонез постигна убав погодок за победа од 1-0.