МЗТ му го расипа дебито на Блажевски на кормилото на Гостивар (ФОТО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа против Гостивар со 84-73 и му го расипаа дебито на легендарниот Перо Блажевски на кормилото на претпоследниот тим на табелата.

Гостивар даде голем отпор во првото полувреме и на паузата имаше негатива од само еден поен (32-33), додека МЗТ направи чекор кон победата во третата четвртина која ја доби со 26-16.

МЗТ тргна лошо во последните 10 минути и тоа го искористи Гостивар да намали на „минус четири“ (55-59), но набрзо тимот од Аеродром ја презема контролата и стигна до посакуваната победа.

Мекејден го заврши мечот како најдобар стрелец во редовите на МЗТ со 23 поени, додека Црниќ постигна 21 поен за Гостивар.

Кошаркарите на Куманово претходно триумфираа со 99-70 против КК Ангели.