Лидс го декласира Нотингем Форест и избега далеку од зоната за испаѓање (ВИДЕО)
Џејден Богл го отвори резултатот во 26. минута од средбата, додека Ноа Окафор зголеми на 2-0 само четири минути подоцна.
Доминик Калвер-Луин на стартот на вториот дел стрелаше за 3-0 и го приближи Лидс до убедлива победа, а до крајот на мечот Нотингем Форест успеа да намали на 1-3 преку Лоренцо Лука.
Лидс е на 16. место во лигата со 29 бодови, додека Нотингем Форест е на 17. позиција со 26 поени, а зад нив се наоѓа Вест хем со 20 бода.
Фото: Facebook/Leeds