Елези погоди против Радник, Сараево влезе во победничка серија (ВИДЕО)
Првиот гол за Сараево беше дело на македонскиот фудбалер Агон Елези, кој доби топка во казнениот простор на Радник и потоа стрелаше за 1-0.
Победата на Сараево ја потврди Лука Менало со гол дури во 85. минута од натпреварот, по што Радник не успеа да одговори.
На теренот имаше уште двајца македонски фудбалери, и тоа Стефан Ристовски кој го одигра цел меч за Сараево, додека Иван Николов влезе како замена за Радник.
Сараево е на третата позиција со 32 бодови, односно 11 помалку од Зрињски и Борац Бања Лука.
— FKS Insider (backup) (@FKSIbackup) February 6, 2026
Фото: Facebook/FK Sarajevo