Шкупи остана без тренер и капитен, а наскоро заминува уште еден фудбалер

Поранешниот македонски шампион Шкупи минува низ сериозна криза, а тоа беше потврдено на неколку дена пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, затоа што си замина тренерот Еркан Мурсели, но и капитенот Ерион Шуку.

Мурсели не издржа на кормилото на екипата од Чаир до стартот на новите предизвици на скопскиот тим и реши да си замине од тимот на неколку дена пред пресметката со Тиквеш.

По заминувањето на стратегот, Шкупи остана и без капитенот Шуку кој ги спакува куферите и тргна по стапките на Мурсели, односно го напушти клубот од Чаир.

Ова е почеток на тотален распад на Шкупи, затоа што беше најавено заминување уште на еден фудбалер, односно Џихан Адили.

Шкупи е на дното на табелата во македонската Прва лига со само еден освоен бод и сè поизвесно е дека ќе се пресели во понизок ранг доколку не се случи некакво чудо во меѓувреме.