Вардар безмилосно го уништи Куманово во Суперлигата
„Црвено-црните“ доминираа во првото полувреме од мечот и постигнаа дури 13 голови, додека на Куманово му дозволија да запиша скромни шест погодоци.
Вардар ја контролираше играта и во вториот дел, но Куманово беше поефикасен во нападот за на крајот скопскиот тим да слави со 30-20.
Најефикасен кај Вардар беше Јака Малус со осум голови, додека Дмитро Хориха запиша пет погодоци.
Вардар е лидер во домашниот шампионат со 36 бодови, по што следи Охрид со 31, додека Пелистер има 30 поени, но и одигран еден меч помалку од ривалите.