Вечното дерби во Купот ќе се игра додека сите се на - работа!
Имено, силите „вечните ривали“ МЗТ Скопје и Работнички ќе ги одмерат на 13-ти февруари (петок) и тоа во 14:30 часот претпладне. Претходно програмата ќе биде отворена со дуелот на ТФТ и Феникс од 12:00 часот.
Во последните два дуели Кожув од 17:00 часот ќе се соочи со Маџари, додека од 19:30 часот на паркетот ќе излезат Пелистер и Куманово.
На 14-ти февруари наредниот ден ќе се одиграат двата полуфинални дуели. Во првиот во кој ќе играат победниците од првите две четвртфинални пресметки е закажан за од 17:00 часот, додека победниците од вторите ќе играат во 19:30 часот.
Финалето на програмата е в недела од 19:00 часот.