Радуловиќ демантира: Ургирав за пријател, друго ништо не е точно!

Поранешната репрезентативка на Македонија, Валетина Радуловиќ се огласи по информацијата од МВР дека е вмешана во криминал со издавање на лични документи.

Според објавата на Радуловиќ на социјалните мрежи таа немала поврзаност со некакви криминални дејствија, туку само сакала да помогне на нејзин пријател.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пазсоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, стои во реакцијата на Радуловиќ.,

Зад себе некогашната репрезентативка има над 200 настапи во дресот на Македонија во кои постигна и повеќе од 800 гола.