Аталанта без милост - Јувентус демолиран и во „аут“ (ВИДЕО)
Во првото полувреме натпреварот беше израмнет, но Аталанта сепак успеа да поведе во 27. минута кога судијата му додели пенал на домашниот тим. Џанлука Скамака ја презеде одговорноста и ја доведе Ла Деа во водство со 1-0.
Јувентус немаше ниту еден удар кон голот во второто полувреме, а Аталанта искористи уште две добри шанси за да го одлучи победникот и притоа да го понижи Јувентус. Прво, во 77. минута, Камалдин Сулемана зголеми на 2-0, а точка стави Марио Пашалиќ во 85. минута на додавање на Никола Крстовиќ.
Аталанта во полуфиналето ќе игра против подобриот тим од дуелот Болоња-Лацио кој се игра на 11 февруари.