Аталанта без милост - Јувентус демолиран и во „аут“ (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта го победи Јувентус со 3-0 и се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија.

Во првото полувреме натпреварот беше израмнет, но Аталанта сепак успеа да поведе во 27. минута кога судијата му додели пенал на домашниот тим. Џанлука Скамака ја презеде одговорноста и ја доведе Ла Деа во водство со 1-0.

Јувентус немаше ниту еден удар кон голот во второто полувреме, а Аталанта искористи уште две добри шанси за да го одлучи победникот и притоа да го понижи Јувентус. Прво, во 77. минута, Камалдин Сулемана зголеми на 2-0, а точка стави Марио Пашалиќ во 85. минута на додавање на Никола Крстовиќ.

Аталанта во полуфиналето ќе игра против подобриот тим од дуелот Болоња-Лацио кој се игра на 11 февруари.