Пукна „петарда“ во Севиља: Атлетико како препороден со Лукман (ВИДЕО)
Фантастичната игра на Атлетико доаѓа само три дена откако екипата беше засилена со нигерискиот репрезентативец Адемола Лукман кој дојде од Аталанта. Искусниот напаѓач одлично се снајде и во своето деби во „црвено-белиот“ дресот постигна еден гол и една асистенција.
Интересно е тоа што петте гола за Атлетико ги постигнаа различни фудбалери, отвори Ханко, па по него Симеоне, Лукман, Гризман и на крајот Алмада. По двата кикса минатата недела, на Атлетико му беше потребен ваков натпревар пред најважниот дел од сезоната.
Покрај мадридскиот тим, пласман во полуфиналето претходно обезбедија уште Барселона, Сосиседад и Атлетик Билбао.