Предавникот на Реал Мадрид се враќа на „Бернабеу“ како тренер!?

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид од идната сезона ќе има нов тренер, а станува збор за нивни поранешен фудбалер, односно Луис Енрике.

Енрике играше за „кралевите“ од 1991 до 1996 година, по што изврши „предавство“ и се пресели во Барселона каде што ја заврши кариерата.

„Ретко се чувствував почитуван од навивачите на Реал Мадрид. Немам убави спомени“, кажа Енрике по преселбата во каталонскиот гигант.

Искусниот стратег во моментов го предводи ПСЖ со многу успех, а во минатото беше селектор на Шпанија, но и тренер на Барселона, Селта и Рома.