Партизан остана без првото место во Србија и веднаш - го смени тренерот!
Стојаковиќ беше поставен на клупата на „црно-белите“ на 22 ноември, кога од Телеоптик беше прекомандуван во првиот тим, по неочекуваната смена на Благојевиќ. За краткиот период на чело на Партизан, тој оствари три победи и два порази пред зимската пауза. На Стојаковиќ му беше доверено и да ја води екипата на зимските подготовки, но по продолжување на првенството и ремито без голови против Раднички од Ниш, клупското раководство донесе одлука за негова смена.
Ова е дури 16-та тренерска смена во првиот тим на Партизан во последните 11 години, односно од првото заминување на Марко Николиќ од клупата. Партизан моментално се наоѓа на второто место на табелата, со еден бод заостанување зад Црвена звезда. Во сабота „црно-белите“ гостуваат кај Радник во Сурдулица, а во наредните денови треба да биде познато кој ќе ја води екипата од аут-линијата.