Барса бара класичен напаѓач – нуди 10 милиони евра за репрезентативец на Хрватска!
Тој игра одлично во дресот на Осасуна, каде што сезонава постигна 12 гола на 24 натпревари во сите конкуренции и веќе важи за еден од најважните играчи на клубот од Памплона. Неговите партии не поминаа незабележано, а шпанските медиуми тврдат дека Барселона го гледа како решение во натпреварите кога противниците се повлекуваат односно играат „бункер“.
Според истиот извор, Будимир не се истакнува со спектакуларна техника, но е исклучително ефикасен во завршницата, играта со грб кон голот и користењето на простор – токму елементи кои моментално ѝ недостигаат на Барселона. Се наведува дека каталонскиот клуб би можел да го доведе напаѓачот на Осасуна за сума под 10 милиони евра, што го прави трансферот реална опција.